Во последните 24 часа се направени 1612 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на Ковид-19 во Македонија. Ова го соопшти министерството за здравство преку Фејсбук.
Новозаразените се во овие градови:
-Скопје 59
-Куманово 12
-Дебар 18
-Штип 17
-Прилеп 1
-Тетово 6
-Струга 6
-Битола 1
-Кавадарци 2
-Гостивар 9
-Пробиштип 2
-Демир Хисар 1
-Свети Николе 23
-Кичево 6
-Ресен 1
Починати се 5 лица, тројца пациенти од Скопје, еден од Тетово и еден пациент од Ресен. Во ГОБ „8 септември“ починаа двајца пациенти на возраст од 35 и 65 години. Во ОБ Битола почина пациент од Ресен на возраст од 70 години. Во КБ Тетово е починат пациент на 51 година. Вон болнички услови е починат пациент на 77 години.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 74 оздравени лица.
Досега во Македонија се направени вкупно 83216 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8786, бројката на оздравени пациенти е 4676, на починати е 406, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3704.