Бројот на активни на Ковид-19 во изминативе три дена во скопските општини најмногу се зголемил во Аеродром и во Кисела Вода. Ова го покажуваат податоците на Министерството за здравство кога ќе се споредат денешните и податоците од 14 јули. Така, во урбаната општина Аеродром денеска се регистрирани 171 активни пациенти на вирусот, додека пред три дена имаше 147, што е за 24 повеќе. Во Кисела Вода разликата е 22 пациенти: денеска има 123 активно болни наспроти 101 пред три дена.
Пораст во овој период има и во Шуто Оризари од 80 на 97, Центар – од 144 на 151, како и во Гази Баба од 199 на 202 и во Ѓорче Петров – од 108 на 113.
Во Чаир е забележано опаѓање од 293 на 284 активно болни, исто како и во Карпош од 148 на 146, Сарај од 118 на 116, додека Бутел остана на иста бројка – 119.
Во Скопје , инаку, активни на Ковид -19 се 1837 лица.