Четири дена нема абер кој ја обои реката Вардар црвена

Поминаа 4 дена, но Државниот инспекторат за животна средина никако да објасни зошто реката Вардар одеднаш стана црвена во близина на Бетонската база – Бетон. Инспектори излегоа на терен, земаа примероци во средата кога ужасната боја беше забележана, но толку.

-Де бре луѓе, примерок од вода е, зарем еден примерок од вода ли не може да се испита што е?!- коментираат скопјани.

Вардар е „жртва“ најмалку неколку пати годишно. Минатиот пат компанијата „Арчелор Митал“ беше загадувачот, па се правдаше дека дошло до пукање на системот, по што железо и киселина се излеа во реката.

И не е само Вардар. Еколошка хаварија се случи и во реката Брегалница на 23 минатиот месец. Огромно количество хемикалија во бела боја беше испуштена во реката, а остри реакции имаше од риболовците, кои алармираа, на терен да излезат и државните инспектори за заштита на животната средина.

Ама сега изборите завршија, главниот шеф и кандидат за премиер веднаш спокојно си отиде на одмор, а велеше дека Македонија е во зорт, па изгледа и инспекторите ќе одмараат… Реките нека го трпат зортот.

Претходна вестЗа три дена бројот на активни на Ковид-19 најмногу се зголеми во Аеродром и во Кисела Вода
Следна вест„Секој знае„ вечерва на кино на отворено