Нестабилно време, можен и пороен дожд

Променливо и нестабилно време со локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град, предвидуваат метеоролозите денеска за скопското подрачје.

Максималната дневна температура ќе бележи тенденција на опаѓање и ќе се искачи до околу 25 степени.

На подрачјето на целата земја се очекува и невреме на повеќе места проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Максималните дневни температури на воздухот, особено на север ќе бележат тенденција на позначително опаѓање и ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени. Стабилизација на времето се очекува од понеделник.

Претходна вест„Секој знае„ вечерва на кино на отворено
Следна вестПоднесени 82 приговори, се бара пребројување и вештачење на ливчињата