Сончево со можност за краткотраен дожд

Утрово сонцето ги растерало облаците. Метеоролозите предвидуваат дека времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во западните делови од Македонија со засилен западен ветер.

Локално ќе има појава на пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Попладне времето постепено ќе се стабилизира. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во текот на денот со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Претходна вест„Левица“ поднесе 425 приговори до ДИК, а пишува уште
Следна вестДИК е пред сериозна работа: колку ќе прифати од 2.141 приговор?