Испревртена азбука во градот на конзулите 

Колумна на Габриела Илиевска:

Денес во најградскиот град, градот на конзулите и клавирите сѐ е отпревртено однопаку. Во знакот на буквата Ш. Тоа трае од поодамна, не е од сега:

– Широк Сокак е широк, но полупразен и тажен

– Шахтите не функционираат, па и најмал дожд предизвикува поплави и други шашарми несвојствени за урбано живеење во 21 век;

– Шалтери во Битола колку да сакаш, реален сектор кој произведува реални вредности – ниту за лек;

– Шебек – партии кои седнуваат од еден во друг скут, ја кројат судбината на градот;

– Шерифи, партиски, се разбира, штрафтаат низ Битола, а и добро се офајдија. Имаа добри учители;

– Штркот сѐ поретко го посетува градот;

– Штурците се на позиции, мравки сѐ помалку;

– Шипинки за градот и граѓаните;

– Шашарма е сѐ;

– Шитната е партијата, шо би рекле бељотчиите;

– Шах-мат за Битола…

 

– „А“ како аерозагадување ќе почека;

– „В“ како велосипедски град, ќе почека;

– „Е“ како европска ќе почека;

– „Клавирите” и „Конзулите” ќе почекаат.

Ќе почекаме некои подобри луѓе и времиња кога место бушавата азбука повторно ќе почниме да ја средуваме Битола од А до Ш.

Претходна вестВториот бран пак мавна: 8 пациенти починале од вирусот, новозаразени се 127 лица
Следна вестСтанува ли Матка небезбедна, иако е светски позната туристичка атракција?