Претседателот на Собранието, Талат Џафери, е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје, неофицијално, поради тешки респираторни проблеми кои ги имал изминативе денови.
Информацијата за „Макфакс“ ја потврди портпаролот на ДУИ, Артан Груби, кој кажа дека нема повеќе детали поради тоа што е отсутен од државата.
Претходно, позитивен тест на коронавирус имаа министерот за образование, Арбер Адеми, и министерот за економија, Крешник Бектеши, кои информацијата ја споделија на социјалните мрежи