United Group, сопственикот на Тотал ТВ, го презеде бугарскиот Vivacom

  1. United Group, водечки телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа, во чиј состав во Македонија функционира Тотал ТВ, денес го објави завршувањето на аквизицијата на компанијата Vivacom.

Претходно, во април 2020 година, Европската комисија ја одобри аквизицијата, додека договорот за преземање беше потпишан во ноември 2019 година, откако United Group победи на тендерот за купување на оваа водечка телекомуникациска компанија во Бугарија.

Vivacom е прва телекомуникациска компанија во Бугарија, со најголеми приходи помеѓу операторите во оваа земја во изминатите седум години. Тие имаат изградено водечка позиција на пазарот со целосно разбирање на потребите на корисниците, како и воведување на технолошки иновации за обезбедување на напредни, високо квалитетни услуги на интернет, мобилната телефонија и дигиталнатa телевизија, наменети за поединци и деловни корисници.

Преземањето на Vivacom е најнов потег во рамките на стратегијата за раст на United Group, по преземањето на TELE2 во Хрватска на почетокот на 2020 година и договорот за аквизиција на грчкиот телекомуникациски оператор Forthnet, кој наскоро ќе биде реализиран. Работејќи истовремено во телекомуникацискиот и медиумскиот бизнис, United Group ги обединува водечките оператори и најдобрите производители на медиумски содржини во Југоисточна Европа. Накрајот на годината, ќе има повеќе од 10 милиони корисници и повеќе од 11 илјади вработени.

Викторија Боклаг, извршен директорна United Group, изјави: „Vivacom ја воспостави позицијата број 1 во Бугарија со одлично управување, импресивни финансиски резултати, технолошки подобрувања и исклучителна тимска работа. Со јасна визија и стратегија за иднината, „United Group“ се здоби соуште еден лидер на пазарот во регионот, а нашиот комбиниран талент, искуство и големина гарантираат дека на пазарот од 27 милиони луѓе во Југоисточна Европа и нашата дијаспора ширум светот можеме да обезбедиме телекомуникациски услуги од најнова генерација и најдобри странски и домашни ТВ содржини “.

Никос Статопулос, еден од партнерите во инвестицискиот фонд BC Partners  и претседател на United Group, потенцира:

„Преземањето на Vivacom е важен чекор во спроведувањето на стратегијата за раст на United Group, затоа што сакаме да го прошириме нашето географско присуствово Европа. Бугарскиот телекомуникациски сектор е дел од динамична економија, која ќе ни обезбеди силно упориште на еден од стратешки клучните пазари.

 „За Vivacom, влегувањето во семејството на United Group претставува огромна можност за уште побрз раст на веќе одличните резултати. Имаме изградено силен бренд, синоним за квалитет и иновација и модерна компанија со повеќеод 5.000 посветени работници низ целата земја. Вистинско време е да го направиме следниот чекор и со нетрпение очекуваме да работиме заедно и да размениме искуства со United Group за да ги зголемиме нашите услуги во Бугарија на уште повисоко ниво. “,рече Атанас Добрев, извршeн директор на Vivacom.

Vivacom постигна импресивни резултати, не само како најголем телекомуникациски оператор во Бугарија, туку и како лидер во иновациите. Ова е резултат на силен менаџерски пристап и професионализам на нашите вработени, а со поддршка и дополнителни инвестиции на „United Group“, потенцијалот за натамошен раст на Vivacom во Бугарија е голем “, заклучи Претседателот на Надзорниот одборна Vivacom, Спас Русев.  

United Group во моментов работи во 7 држави преку копманите SBB, Telemach, Tele2 Хрватска, Total TV, NetTV Plus United Cloud, United Media со телевизиските канали Nova, N1, Nova S, Nova BH, Nova M, Doma, Sport Klub, Fight Ch, Mini, Grand, Pikaboo, Vavoom, Cinemania, Loviribolov, IDJ, Brainz, порталот nova.rs, маркетинг агенциите Cas Media и Direct Media и e-commerce бизнис Shoppster.

United Group има повеќе од 10,000 вработени кои обезбедуваат услуги на над 9,3 милиони претплатници. United Group е во сопственост на BC Partners една од најголемите глобални инвестициски компании во светот.

 

Претходна вестЗавршува рокот за аплицирање за земјоделски субвенции
Следна вестКочанчанец тешко повреден со пиштол поради расправија за наводнување на нива