Порастот на бројот на луѓе кои страдаат од Ковид-19 во многу држави е предизвикан од тоа што младите не водат сметка за заштитните мерки, рече директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Гебрејес.
Младите луѓе честопати не носат маски, а го игнорираат правилото да се држат на оддалеченост од другите луѓе, особено кога се во барови, ноќни клубови и на плажите, пренесува Гласот на Америка.
„Повеќето млади имаат поблаги симптоми, но не сите“, вели епидемиологот на СЗО, Марија ван Керкова, истакнувајќи дека ноќните клубови се жаришта на заразата.
Асимптоматските млади луѓе го пренесуваат вирусот на постарите луѓе, заклучуваат од СЗО.