Две тепачки меѓу браќа вчера и ноќеска биле пријавени во полицијата откако се случиле во селото Присојница, ростушко и во гостиварското село Чегране. Полицијата соопшти и тоа дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање, при што ќе следат и соодветни поднесоци.
Во првиот случај во 16.30 часот во Полициско одделение Ростуше Џ.З.(54) од с.Присојница пријавил дека околу 16.20 часот на место викано ,,Асановци“, пред куќата каде што живее со неговиот брат Ќ.З., поради нарушени семејни односи и несогласувања, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. На ова и претходела и вербална расправија.
-Ноќва, пак во 03.10 часот во Полициска станица Гостивар, Т.Б.(51) од с.Чегране пријавил дека околу 17.30 часот во дворот на неговата куќа, дошол неговиот брат Ф.Б. и поради финансиски недоразбирања физички го нападнал, соопшти полицијата.