МВР го информирало Јавното обвинителство за дивоградбата кај Мавровка

Од страна на СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал до Основното јавно обвинителство  Скопје денеска е поднесен соодветен акт од сите досега преземени мерки и активности во врска со кривично-правниот настан „бесправно градење“, кој што се однесува на членот 244-а од Кривичниот законик, соопшти денеска СВР Скопје.

Во информацијата се наведува дека оваa Единица интензивно работела во насока на утврдување  на постоење  основи  на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење”,  кое што се гони по службена должност  по чл. 244-а од  Кривичниот законик, во реонот на Трговскиот центар „Мавровка“.

-Заради утврдување на елементи на постоење основи на сомнение за сторени кривични дела, кои што се гонат по службена должност, а се однесуваат на предметниот кривично-правен настан, СВР Скопје ќе продолжи и понатаму со преземање на соодветни мерки и активности од делокругот на својата надлежност, се наведува во соопштението.

Претходна вестДве братски тепачки во два дена
Следна вестВо скопската геријатриска болница 17 заболени од корона вирусот