Во скопската геријатриска болница 17 заболени од корона вирусот

На скопската Болница за геријатрија и палијативна медицина „13 ноември“ има 17 заболени од корона вирус, соопшти денеска оваа болничка установа.

-Од нив, 2 лица се со потешка клиничка слика и транспортирани се на Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, додека 3 се асимтоматски и префрлени се за лекување во новиот Ковид 19 центар во рамки на болницата Козле. Останатите позитивни пациенти остануваат на лекување во нашата Установа, информираа од оваа болница.

Од болницата објаснуваат дека на ден 03.08.2020 година добиле инфорамција од страна на Институтот за јавно здравје-Скопје за 2 пациенти позитивни на Ковид 19 кои се во нивна установа.

-Веднаш е постапено согласно протоколите за изолирање на болните и останатите пациенти и спроведување на епидемиолошка анкета на вработените за спречување на ширењето на инфекцијата и мерки за дезинфекција. Пациентите кои се позитивни во нашата Установа се во моментот асимптоматски, се следи постојано нивната клиничка слика, доколку истите се влошат ќе се направи обид да се префрлат во постоечките Ковид центри. Сакаме да напоменеме  дека установата до сега успешно се избори со Ковид 19 пандемијата и имаше неколку изолирани случаи кои  се очекувани во оваа ситуација и успешно се менаџирани, се со цел  навремено сузбивање на ширењето на инфекцијата, велат од болницата.

Претходна вестМВР го информирало Јавното обвинителство за дивоградбата кај Мавровка
Следна вестПри претрес полицијата кај четворица скопјани пронашла марихуана и прашкаста материја