При претрес полицијата кај четворица скопјани пронашла марихуана и прашкаста материја

Поседување марихуана и на прашкаста материја била причина за приведување на четворица скопјани во одделни полициски акции извршени ноќеска и во изминативе денови на градското подрачје. Ноќеска во 02 часот полициски службеници од СВР Скопје на бул.„8 Септември“, го лишиле од слобода С.Д.(23) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

-Завчера во 01.40 часот на бул.„Јане Сандански“, од слобода е лишен Д.Р.(24) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. На 06.08.2020 во 00.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Партеније Зографски“, го уапсиле В.С.(20) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана, се наведува во информацијата.

На 05.08.2020 во 22.00 часот уапесен е и А.Ќ.(22) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него на Кејот „Димитар Влахов“ била пронајдена прашкаста материја.

По документирање на случаите, против овие лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, изјавија од полицијата.

Претходна вестВо скопската геријатриска болница 17 заболени од корона вирусот
Следна вестШилегов му пиша на МВР да ги казнува возачите паркирани на велосипедски патеки