Треба ли бандерава карши бр. 29 на ул. „Борка Талески“ да убие некого пред надлежните да направат нешто во врска со неа? Вакво прашање денеска поставија членовите на фејсбук-групата „Во одбрана на Буњаковец“ објавувајќи неколку фотографии од кои се гледа каква опасност претставува бандерата. Таа е опасно накривена и во секој момент може да падне. Едениствена потпора и се неколкуте тули кои некој граѓанин ги поставил во подножјето. Но, не треба да се има илузии дека тие може да го спречат уривањето.
-Ќе ја плаќаат ли надлежните или сопственикот на бандерата штетата, болнички и погребни трошоци ако заради нивна криминална небрежност таа конечно падне и смачка кола или направи нешто уште полошо? Само знаеме дека нема многу време додека да падне и да убие некој жител или посетител на Буњаковец. Бараме итно решавање на проблемот!, порачаа во објавата членовите на оваа група.
Кој ќе биде побрз: навалената бандера или навалените во фотелјите?