Темен режим Режим на светлина

Местел мрежи во Вардар – паднал и се удавил

Рибар се удавил во вардар. Имено, педесет и шестгодишен маж од гевгелиското село Миравци се удави во реката Вардар.

Несреќата се случила вчера во 15.40 часот додека на местото викано „Три тополи“, В.М.(19) и В.Ѓ.(56), местеле мрежи во р. Вардар, кога В.Ѓ. паднал во водите на реката и потонал.

До крајот на денот тој бил понајден и извлечен од реката, а од страна на лекар од Итната медицинска помош Гевгелија била констатирана смрт.

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од Полициската станица Гевгелија. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Повеќето патници кои слетале со корона вирус во Финска биле со косовски пасоши

Следна објава

Кој ќе биде побрз: навалената бандера или навалените во фотелјите?