Вакцината против корона вирусот, изработена од московскиот институт Гамалеја, е одобрена за употреба во Русија што стана прва вакцина од ваков тип во светот.
-Знам дека е доста ефикасна, создава силен имунитет и повторувам, ги помина сите потребни проверки, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин говорејќи на владата седница на државната телевизија.
Тој додаде дека вакцината била дадена и на една од неговите ќерки.
Со ова Русија стана првата земја во светот со регулаторно одобрување на вакцината против ковид-19, по помалку од два месеци тестирање врз луѓе, потег кој Москва го поздрави како доказ за нејзината научна моќ.