Како и во изминативе денови, така и денеска синоптичарите за скопското подрачје предвидуваат сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има мали услови за локална и краткотрајна нестабилност. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 32 степени.
Слично време се очекува и на подрачјето на целата земја.
За време на викендот, особено во попладневните часови на повеќе места во Македонија ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на невреме.