Пожарникарите во Тетово во текот на ноќта интервенирале на две запалени возила, сопственост на компанијата ЕВН Македонија, на две одвоени локации во градот, а сторителот е фатен, јавува „А1он“.
-Околу полноќ голем број граѓани се јавија да пријават дека има запалени возила. Интервениравме на запалено возило на улица „Иво Рибар Лола“ и во станбениот комплекс Блок 70. По кратка интервенција, пожарите се локализирани и изгаснати”, изјави Ука Алити, командант на Тетовската територијална противпожарна единица. Увид на местата на опожарените возила изврши тетовската полиција.
-На улица ‘Ленин’ во врска кривично дело предизвикување на општа опасност од слобода е лишено лицето К.О. (43) од Тетово. Истиот е задржан во полициска станица за натамошна постапка, велат од МВР.