Гореа две возила на ЕВН во Тетово

Две возила во сопственост на електродистрибутивната компанија ЕВН Македонија се запалени ноќеска околу полоноќ во Тетово.

По пријавата од страна на граѓаните интервенираа тетовските пожарникари по што пожарот е локализиран.

-Околу полноќ голем број граѓани се јавија да пријават дека има запалени возила. Интервениравме на запалено возило на улица „Иво Рибар Лола“ и во станбениот комплекс Блок 70. По кратка интервенција двата пожари се локализирани и изгаснати, изјави Ука Алити, командант на Тетовската територијална противпожарна единица. Увид на местата на опожарените возила изврши тетовската полиција. 

Претходна вестАвионите пак ќе брмчат прскајќи против жилавите комарци
Следна вестПриведен тетовец за двете запалени возила на ЕВН