Уапсени три лица кои ограбиле македонски државјанин во Драч

Албанската полиција уапсила три лица кои биле вклучени во кражбата на 6.000 швајцарски франци и на патничкото возило „аудиQ6“ во градот Драч. Кражбата е извршена под закана со пиштол.

-Македонскиот државјанин се паркирал пред еден маркет во Драч, но автомобилот не го изгаснал. Во него била неговата сопруга, на која две лица и се приближиле и под закана и ги земале парите, со употреба на сила ја истуркале од автомобилот, по што влегле во него и се дале во бегство, се наведува во полициското соопштение.

Веднаш по дојавата за немилиот настан интервенираа полициските службеници од полицискиот комеасаријат од Драч и по неколкучаса со успех ја финализираа акцијата. Уапсени се лицата кои го ограбиле Б.Ф(33),државјанин на РС Македонија,кој поседува и пасош на Швајцарија, и неговата сопруга. Станува збор за Х.С (40) и Р.К(33) и двајцата од Драч, кои директно учествувале во настанот, како и Г.Д.од Каваја од кого побарале да им помогне да се засолнат.

Се додава дека е пронајден и автомобилот, а се работи на пронаоѓање на украдените пари.

Ова е втор немил настан што го преживува македонски државјанин кој одлучил одморот да го мине на албанското крајбрежје. На 27 минатиот месец во Валона беше запален автомобил „Ауди Р8“ сопственост на лице од Кочани, кој со семејство живеел во Германија.

Претходна вестИзлетувањето од патот кај Пробиштип кобно за еден скопјанец, другиот е тешко повреден
Следна вестОд утре задолжителен ПЦР тест за влез во Србија