Тимот за одговор при катастрофи трага по исчезнатиот велешанец кај Белештевица

Четворица волонтери од Тимот за одговор при катастрофи од Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес попладнево се вклучија во потрагата по исчезнатиот велешанец кој на 6-ти август беше однесен од поројница во близина на село Белештевица кај местото Лавчани, а проценките се дека телото најверојатно е однесено во водите на река Вардар.
И покрај тоа што нивото на Вардар е многу високо за овој период од годината, сепак обуката и стручноста на волонтерите од Тимот за одговор при катастрофи дозволува тие да бидат дел од подрагата со еден гумен чамец.
Денеска се прегледуваше теренот од дрвеното мовче на Вардар каде што се влева поројницата од Белештевица и Лавчани до градскиот парк во Велес.
За жал безуспешно.
Потрагата ќе продолжи и утре. Ќе се прегледува теренот од Велес до Ногаевци.
Претходна вестКостовски: ова е свесно сценарио, изгубивме 60 до 70 милиони евра
Следна вестНаумовска: Учебната година да почне од 15 септември