Костовски: ова е свесно сценарио, изгубивме 60 до 70 милиони евра

Бизнисменот Трифун Костовски заедно со неговиот син Коста Костовски денеска на прес конференција ја обвинија Народната банка и потесното раководство на Управниот одбор на „Еуростандард банка“ за нејзиното пропаѓање.

Костовски смета дека Народната Банка на Македонија донела избрзана одлука за затворање на банката со која му е нанесена штета и голема материјална загуба. Тој имал и разработен план како да се спаси банката, но тоа не му било дозволено.

-Ова е свесно сценарио во кое требаше да има жртвено јагне, рече Костовски.

-Во текот на денот почнаа депозити да се влечат од сметки на сметки, не знаевме што се случува, а потоа дознавме дека Народна Банка имала состанок со Македонска Пошта каде протекла информацијата према подружниците на Пошта, истакна Коста Костовски.

Тие најавија дека правдата ќе ја бараат надвор од земјава.

-Ќе одиме пред сè во арбитража, каде што доколку го добиеме спорот што ќе го отвориме, средствата ќе бидат наменети за нашите коминтенти, истакна Коста Костовски.

Инаку, тие својата вина ја лоцираат во изборот на Управниот одбор, каде некои членови како што рекоа ги пренеле жедни преку вода.

Со овој случај како што беше кажано, семејството Костовски го изгубило угледот и 60 до 70 милиони евра.

Претходна вестБројот на активно болни од вирусот во Скопје падна под 1.000
Следна вестТимот за одговор при катастрофи трага по исчезнатиот велешанец кај Белештевица