Бројот на активно болни од вирусот во Скопје падна под 1.000

Бројот на активно болни од корона вирусот во Скопје по подолго време падна на помалку од илјада лица и денеска изнесува 986. Ова произлегува од податоците кои денеска ги објави Министерството за здравство, а што најверојатно се должи на големиот број на оздравени лица. Во изминатово деноноќие од вкупно 368 оздравени – 117 се од Скопје, а високи беа бројките и во изминативе денови. Инаку, досега во Скопје вкупно се заболени 5.325 граѓани.

Меѓу општините Чаир и натаму има најмногу заболени – 138, а потоа следат Аеродром – 125, Гази Баба – 112, Карпош – 103, Центар 86, Кисела Вода 81, Ѓорче Петров 69, Шуто Оризари 67, Бутел 66 и Сарај 35.

Во Студеничани има 32 заболени, Арачиново – 18, Илинден – 17, Петровец – 5, Чучер Сандево – 9, Сопиште – 12, Зелениково- 6, Странец – 3 и Нераспределен – 2.

Претходна вестТројца пациенти починале од вирусот, 160 новозаразени и 368 оздравени
Следна вестКостовски: ова е свесно сценарио, изгубивме 60 до 70 милиони евра