Home АКТУЕЛНО Маскирани со фантомки при грабеж убија жител на Инџиково

Маскирани со фантомки при грабеж убија жител на Инџиково

0
Маскирани со фантомки при грабеж убија жител на Инџиково

Две лица маскирани со фантомки убија жител на скопското село Инџиково при грабеж во неговиот дом. Според првичните информации настанот се случил синоќа околу 23 часот на улицата „Шамак“ во оваа село.

Во информацијата се наведува дека две непознати лица маскирани со фантомки вооружени со пиштол влегле во ходникот од куќата на 49-годишен жител на Инџиково, кој бил во куќата со сопругата.

Вооружените напаѓачи им побарале пари, па откако сопственикот И.А им кажал дека нема пари едно од лицата истрелало од пиштолот кон И.А и го погодило во пределот на главата. По ова, разбојниците заминале во непознат правец.

Доктор од брза помош констатирал смрт кај И.А.