Во последните 24 часа во Македонија се направени 1742 тестирања, а регистрирани се 130 нови случаи на ковид-19, информира денеска министерот за здравство Венко Филипче на својот профил на Фејсбук. Најголем број на новозаразени има во Скопје – 30, а потоа следат Куманово 6, Штип 13, Прилеп 5,Тетово 13, Струга 4, Битола 3, Охрид 6, Кавадарци 2,Гостивар 18, Струмица 1, Пробиштип 2, Берово 1, Виница 5, Делчево 4 и Кичево 7.
–Починати се двајца пациенти, еден од Скопје (70г.) и еден пациент од Штип (75г.), се наведува во објавата.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 152 оздравени пациенти од: Скопје 87, Куманово 18, Штип 14, Прилеп 2, Тетово 6,Битола 4,Гостивар 9,Македонски Брод 1,Кичево 5 и Ресен 6.
Досега во земјата се направени вкупно 128.938 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
–Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12970, бројката на оздравени пациенти е 9513, на починати е 549, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2908, информира Филипче.