Со тешки повреди вчера се здобиле две лица по пожарот кој избил во угостителски објект на булеварот „Александар Македонски“ во скопската населба Автокоманда.
-Тие се обиделе да го изгаснат огнот при што се здобиле со тешки повреди. Н.Т.(36) и Љ.Т.(52) биле итно пренесени во ГОБ „8 Септември“ за укажување на лекарска помош. За настанот бил известен трудов инспектор, а пожарот бил изгаснат од останатите вработени, соопшти полицијата.
Се работи на расчистување на случајот.