Родителите се поделени во ставовите за тоа дали децата треба да учат или не онлајн. Но речиси се единствени во заклучокот дека ваквиот начин на учење ќе остави „дупки“ во знаењето на учениците. Реагираат и оти никој не ги прашал пред да се донесе одлуката.
-Компјутерите таблетите и телефоните се само игра за децата не е тоа за нив образование. Деца до трето одделение и поголемите деца не можат преку презентации да научат. Во ред е, децата со хронични заболувања да следат со онлајн – но државата да им даде услови ..бидејќи не секој може да си дозволи на детето да му купи лап топ или да плаќа интернет. Нека им овозможи државата на тие деца услови за тоа, вели отворено пред медиумите Ивана Павлова, родител.
-Грешката е во тоа што никој нас родителите од самите училишта не не прашаа за ние да се изјасниме нашето дете на кој начин ќе посетува настава. Јас имам две деца кои ми се во средно училиште. Секое училиште барем во Велес е со повеќе влезови. Може да се направи, определени паралелки да влегуваат и излегуваат од посебни влезови. Да бидат скратени часовите…да се скрати програмата, значи има начин меѓутоа нема слух за никого, вели Загорка Јовановска – родител.
И наставниците не се среќни со учењето онлајн, барем не во македонски услови. Наставникот Гоце Бумбароски вчера изјави дека онлајн наставата е погрешен чекор на надлежните, затоа што „ништо на светот не може да ги замени училишните клупи“.
-Онлајн наставата е во втор план, односно таа е како резерва.Ништо не може да ги замени училишните клупи ниту училиштата и оној физички пристап. Ако е така, зошто ни се наставници? – вели Бумбароски.