Скопје светна, синоќа со стартот на меѓународниот фестивал на светлосна уметност „Лајт арт дистрикт“. Годинешната фестивалска порака е за заштита на животната средина преку одговорни одлуки и начин на живот – да се чуваат природата и нејзините богатства.
Направена е и андроид апликација преку која луѓето од своите домови ќе можат да го гледаат фестивалот кој инаку, завршува во сабота. Маршрутата се движи од Камениот мост, преку зградата на МЦМ до Градски парк и на посетителите ќе им понуди многубројни светлосни инсталации што ќе ги оживеат објектите во центарот на градот.
Организатори се Универзална сала и Град Скопје, со поддршка од Делегацијата на Европската Унија и Францускиот институт во Скопје.