Осум мигранти од Бангладеш и Пакистан биле пронајдени во автомобил на патот Демир Капија – Неготино, а возачот избегал.
Според информациите на МВР, вчера во 16,10 часот на регионалниот пат Демир Капија-Неготино од полициски службеници било забележано патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое излетало од патот, а возачот избегал.
Во возилото пронајдени биле осум мигранти, седум од Бангладеш и еден од Пакистан, сите полнолетни. Мигрантите биле пренесени во Прифатниот транзитен центар-Винојуг Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.