Снема надеж и прескапата жална врба „Надеж“?

И врбата „Надеж“ изгледа губи надеж дека некој ќе се грижи за неа. Затоа и голем дел од крошната и се скршил и безживотно виси допирајќи го Вардар.

Другите две жални врби („Вера“ и „Љубов“) засега само немо ја жалат сестрата, но како-така даваат отпор на времето и запоставеноста.

Но, да бидеме потрецизни, тоа не се обични врби туку уметничко дело – така објаснуваше скулпторката кога се правеше оваа „инсталација“ во склоп на „Скопје 2014“. Тогаш излегоа и податоци дека целиот проект сосе садниците чини 250 илјади евра. 

Жално…

Претходна вестВо Скопје има 812 активни случаи од вирусот, во Чаир – 104, Кисела Вода – 101
Следна вестНаправиле сообраќајка, па бил натепан