100 години Филозофскиот факултет, чувар на традицијата

Со Меѓународна конференција „Науката и општеството: придонесот на хуманистичките и општествените науки“, која синоќа беше отворена во Струга се одбележува големиот 100-годишен јубилеј од постоењето на Филозофскиот факултет од Скопје. На отворањето на конференцијата се обрати и претседателот на Македонија Стево Пендаровски кој потенцира дека Филозофскиот факултет, формиран во далечната 1920-та година е јадрото на македонското високо образование.

-Околу тоа јадро подоцна беше оформен нашиот најстар државен универзитет, „Св. Кирил и Методиј” во Скопје и беа поставени темелите на Народната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски”. Со право може да се каже дека Филозофскиот факултет е чуварот на традицијата. Секој што бил дел од македонското високо образование е истовремено и наследник на традицијата што започнува токму со Филозофскиот факултет. Сите ние, директно или индиректно, сме интелектуални потомци на Филозофскиот факултет и затоа, денес, сите ние сме горди на овој јубилеј, потенцира претседателот на државата.

На присутните преку онлајн-врска им се обрати и министерката за образование и наука. Обраќања имаа и ректорот на Скопскиот универзитет Никола Јанкуловски, деканот на Филозофскиот факултет Ратко Дуев.

Претходна вест166 лица се новозаразени од вирусот, нема починати пациенти
Следна вестАеродром со повеќе активни случаи на корона вирусот од Чаир