Во петок почнува првиот Скопски градски фестивал. Часот е 19 а локацијата е на Плоштадот Мајка Тереза (плато пред МОБ).
Според програмата тој е еднодневен фестивал, концепиран со програма од различни музички жанрови и учество на македонски уметници.
Првото издание е резервирано за музичката комедија „Телефонот“ во режија на австриската режисерка и кореограф Uschi Horner а ќе учествуваат двајца оперски пеачи и двајца музичари.