Жителите на Ѓорче Петров во сабота ќе протестираат заради висококатниците изгласани да бидат изградени со новиот ДУП на општината. Тврдат дека 2 недели барале од Ѓорче Петров да го ревидира ДУП-от „СЗ 24-Јурија Дексион“, заради тоа што – според нив – бил криминално донесен. Но не наидувале на повратен одговор.
Во меѓувреме, и граѓаните во Кисела Вода се нервозни заради тоа што делот кај Расадник сепак ќе биде зграда до зграда. Останува планот за нов бетонски дел во општината. Скопјани се лути, но и исплашени дека кислородот во градот ќе го снема од толку градежни зони.
-Се плашам дека ќе останеме без сето зеленило. Зошто не направат на една изградена зграда да насадат минимум 10 дрвја, и така за секоја следна, за да расте и зеленилото паралелно со бетонските ѕидови, пишува Соња М. на социјалните мрежи.
Граѓаните на Кисела Вода не се изборија против новата населба што треба таму да никне. Ќе успеат ли ѓорчепетровци ќе видиме наскоро. Според официјалните пораки на општината „изгласувањето на ДУП-от не морало да значи дека зградите и ќе се изградат.