По еден денар се намалува цената на безините, реши денеска Регулаторна комисија за енергетика. Малопродажните цени на нафтените деривати од ноќеска на полноќ ќе се намалат во просек за 2,93 отсто.
Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 58,50 денари за литар, додека цената на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 60,50 денари за литар. Малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е В) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 денари за литар и ќе се продаваат по цена од 49 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,407 денари за килограм и ќе изнесува 24,549 ден/кг