Со прострелна рана во долните екстремитети се здобил 25-годишен жител на Арачиново додека вчера шетал по селото, соопшти полицијата
-На 13.09.2020 во 23.18 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив бил донесен Е.Ф.(25) од с.Арачиново со прострелна рана во долните екстремитети. Според пријавеното, тој додека се движел на ул.„11“ во с. Арачиново, почувствувал болка во долните екстремитети, најверојатно од заскитан куршум, се наведува во соопштението.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.