На 19 и 20 септември, на отворено, пред МНТ се организира меѓународниот фестивал на пантомима и физички театар „Панфиз“. Заради ковид 19, бројот на места е ограничен само 30 седишта, односно, по принципот прв дојден прв услужен карти ќе купат најбрзите.
На фестивалот ќе има гости од Србија – „Алис ин вондербанд“ со претставата „Кис“, од Бугарија Филип Дончев со претставата „Лакомиот“, а за крај буто-перформанс, копродуциран од театри од Македонија и Србија.
Како и на сите други настани изминатиот период, така и во овој случај, ќе се врши мерење на температурата пред влегување, носењето маска е задолжително за сите.