Пендаровски му напиша на Вартоломеј, а кога ќе му напише на Борисов?

Македонскиот претседател Стево Пендаровски му пиша писмо од вселенскиот патријарх Варотломеј. Поводот за писмото бил почетокот на Новата црковна година.

-Употребите своето апелационо право, со што нашите граѓани од православна христијанска вероисповед, конечно, ќе ја добијат можноста да бидат еднакви со сите останати православни христијани во светот, побара вчера Пендаровски од патријархот. 

Тој воедно наведува дека „историјата вели дека треба постојано да се сообразуваме со времето и да го користиме во полза на благосостојбата на луѓето. Вселенската патријаршија е пример за тоа како може да се остане доследен на вредностите, а истовремено да се биде динамичен во соочувањето со тековните предизвици“.

Ова е ново писмо кое еден од претставниците на државната власт во Македонија го упатува до Вселенскиот патријарх. Вакво слично писмо пре две години на иста адреса упати премиерот Зоран Заев. Заради ова, се поставува прашањето зошто е одбран токму овој момент за обраќањето на шефот на македонската држава? Односно, дали почнале да се случуваат работи кои предизвикале да биде испратено барањето.

Се поставува и прашањето, а кога Пендаровски ќе му пише на премиерот на Бугарија Бојко Борисов по повод бугарскиот меморандум испратен во ЕУ, во кој Македонците се преставени како производ на Тито, а македонскиот јазик не постоел до 1944 година

 

Претходна вестТежок судар на 3 возила, повредени 6 лица, најтешко 16-годишно девојче
Следна вестЕкстрадиран третообвинетиот за убиството на Никола Саздовски