Дуќани се издаваат без кирија, а Владата е уверена дека ја спасува економијата

 
„Дуќанот се издава без кирија“ ова е испечатено на бел лист и залепено на дуќан во ГТЦ, а на него покрај телефонскиот број, е запишано и дека е голем 35 метри квадратни. Сопственикот на напишаниот број објаснува дека бизнисот на последниот кираџија пропаднал,  па сега му било единствено важно некој да го одржува и да ги плаќа сметките кон ГТЦ.

 

Месечно овој дуќан имал околу 200 евра давачки кон ГТЦ. Изгледа дека и без кирија не се наоѓа јунак во време на криза, која почна како здравствена, а се рефлектираше и на економијата. Изгледа џабе Владата се фали дека брзо интервенира и ја помага соодветно економијата.

И не е само овој дуќан, во ГТЦ и на улица Македонија има залепено слични листови за издавање и за продавање на дуќаните. Оние пак кои работат се кафулињата, пекарите и трафиките. На бутиците кои се останати да функционираат стои реклама за попуст. Дел од економските аналитичари предвидуваа дека ноември ќе биде меѓу најтешките месеци за преживување заради економските последици од ковид 19.

Што прави Владата тоа да го спречи?  

Претходна вестДуќани се издаваат без кирија во ГТЦ, други се затвораат, работат пекарите, кафулињата и трафиките
Следна вестЌе се менуваат облаци, сонце, дожд, грмежи…