Ќе се менуваат облаци, сонце, дожд, грмежи…

Променливо облачно време со сончеви периоди, а попладне во делови од Скопската котлина, со услови за краткотраен дожд и ретки грмежи, најавуваат метеоролозите за денеска за скопското подрачје. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 26 степени.

Слично време се очекува и на подрачјето на целата земја. Променливо облачно со сончеви периоди со попладневна локална појава на нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени.

Во четврток ќе преовладува променливо облачно време со попладневна нестабилност и услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Преодно стабилизирање на времето ќе има во петок. Под влијание на влажен бран за време на викендот, особено во сабота на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Претходна вестДуќани се издаваат без кирија, а Владата е уверена дека ја спасува економијата
Следна вестПо Пендаровски и Заев со писмо до патријархот Вартоломеј