По Пендаровски и Заев со писмо до патријархот Вартоломеј

По неодамнешното пишување на претседателот на државата Стево Пендаровски вчера и премиерот Зоран Заев испрати писмо до вселенскиот патријарх Ватроломеј втори во кое се бара признавање на наша црковна Македонска Православна Црква – Охридска архиепископија со благослов и писмена одлука од цариградскиот патријарх Вартоломеј.

Во писмото Заев се навраќа на средбата во Истанбул на која беше побарана негова асистенција и заложба Македонската православна црква – Охридска архиепископија, да биде признаена како автокефална црква и да биде примена во заедницата на помесните православни цркви.

-Го почитуваме сето она што е одредено од меѓународните договори и состојби. Но, бараме да бидеме слободни и црковно во рамките на границите на нашата земја и нашите архиереи да сослужуваат со архиереите од сите православни цркви во светот, се вели во писмото на премиерот Заев до патријархот на Цариградската патријаршија Вартоломеј.

Во писмото се истакнува дека православниот народ во Македонија заслужува црковна независност која ја сонува веќе цел еден век и дека очекува да ја види Македонската православна црква – Охридска архиепископија признаена како автокефална, со благословот и со писмена одлука на цариградскиот патријарх Вартоломеј.

Претходна вестЌе се менуваат облаци, сонце, дожд, грмежи…
Следна вестЗбеснати скопјани возат брзо, полицијата втасала 128 возачи