Го раскопаа и блокираа Скопје, а можеа за време на полицискиот час многу работи да завршат

Долго време на улиците немаше никој, ама ги немаше и багерите да работат непречено, а и да не пречат…

Шилегов, дојди во Маџари да слушнеш колку свират возилата, сега е 18.30 часот, гужва има на Б. СтефковскиП. НаковСрбија до Првомајска, цел град го раскопа, и збориш против загадување, еве ти загадување…“ Ова е само еден од коментарите оставени под објавите на скопскиот градоначалник Петре Шилегов на неговиот профил на социјалната мрежа Фејсбук. Граѓанинот потпишан како Марјан С. реагира на објавите на градоначалникот за реконструкциите на улиците по градот кои се вршат на повеќе локации.

Реконструкцијата на булеварот „Александар Македонски “ на влезот во Скопје од Велес и Куманово веќе со денови предизвикува застои и колони во утринските часови. Граѓаните губат по неколку часа да влезат во Скопје и да завршат некоја работа. Ништо не е подобро и на другите локации. Се поправа булеварот „Видое Смилевски – Бато“, „Македонско-косовска бригада“ во Чаир, улица „Востаничка“ во Кисела Вода улица „Никола Парапунов“ во Карпош 4… Веќе подолго време се прави и булеварот „Босна и Херцеговина“ во Чаир, со месеци се поправа сообраќајницата во Ново Лисиче… А сето тоа предизвикува застои, чекања, нервози на граѓани.

Скопскиот градоначалник овие работи ги најави пред месец дена како нова „градежна офанзива“ за реконструкција на повеќе улици. Меѓутоа, се чини, дека на граѓаните им се направија многу проблеми.

Зошто на сите ви текнува дека треба да се направи нешто една година пред избори, што правевте три години?, коментира еден граѓанин Димитар Г.

Другите , пак, сметаат дека за вакви работи мораше да се искорсти периодот во кој имало намалено движење на граѓаните заради корона – вирусот.

-Три месеци лугето седеа дома и не ги направи улиците а сега го раскопа цело Скопје, праша Стојан Здравков.

Се чини, тоа е оправдано прашање: зошто ваквите градежни зафати не се превеа тогаш кога беа воведени полициски часови и други ограничувања во движењето. За сите ќе беше полесно, и за градежниците и за граѓаните. Вака, се направија многу проблеми на сите.  

Претходна вестЗбеснати скопјани возат брзо, полицијата втасала 128 возачи
Следна вестНа Скопје најмногу му недостасува граѓанска култура