Што е причината за голем број на смртни случаи од корона вирусот во Македонија? На ова пшрашање подолго време одговор бараат граѓаните.
На прашањети синоќа се осврна и познатиот инфектолог Вело Марковскии кој ја отвори и дилемата дали дел од причините се наоѓаат и во погрешен начин на лекувањето. Докторот на гостувањето во ТВ Сител беше категоричен во тоа дека причините со кои од почетокот на пандемијата имаме повеќе од 700 смртни случаеви треба да се бараат и начинот на лекување
-Загрижувачка е смртноста во Македонија. Мислам дека се прават многу грешки во лекувањето. Од една страна се трвди дека има пораст на ковид инфекцијата, но најмалку 80 до 90 проценти од пациентите се третираат со два до три антибиотика, што едно со друго не оди, ако се третираат со антибиотици тогаш станува збор за бактериска инфекција, пациентите мора да се лекуваат доктринарно, објасни Марковски.
Тој рече дека смртноста во Македонија од 333 случаи на милион жители е многу висока, а во регионот е застрашувачки многу висока. Грција има 33 случаи по милион жители што од нас е десет пати помалку, Албанија, Бугарија, се над 100-110, Србија е со 80 случаи. Само осум држави во Европа на милион жители имаат повисока смртност од Македонија и од 215 држави во светот само 18.
-Не може во исто време да давате три антибиотика и во исто време антивирусен лек. Мора да се постапува доктринарно, мора да се држат обуки, треба да се направи разграничување што е настинка, што е грип, пневмонија, а што Ковид – 19 и тогаш ќе дојдеме до реални резултати, потенцира Марковски.
Инаку, министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека се прават анализи за големиот број на смртните случаеви по што ќе го кажат своето видување. Здравствените власти до сега објаснуваа дека голем број од починатите доцна се јавуваат за лекување, дека многумина имаат и други заболувања кои се потоа фатални.
-Видовме тешки форми на болеста, кои се многу комплексни. Вирисот е многу непредвидлив. Нема фактор кој укажува во која насока ќе се развива вирусот. За смртноста на пациентите дозволете да заврши анализата па да излеземе со податоци, рече вчера Филипче.
Тој рече дека причината за голем број на заболените е непочитувањето на мерките и најави можност да се воведе обврска заштитни маски да се носат и на отворен простор, дури и кога граѓаните се движат сами. Меѓутоа, инфектологот Вело Марковски смета дека ова ќе предизвика последици по здравјето на граѓаните.
-Носењето на маски на здрав човек е штетно. Главен одбрамбен механизам кај нас е нормалната флора која ја имаме во устата. Со постојаното носење на маски нашиот организам ќе биде во хипоксија и можно е да се направи промена во таа флора. Голем процент од нас носиме стафилококус ауреус, тоа е една од бактерии која може да ни направи долнореспираторна инфекција која во 20 отсто од случаите е смртоносна. Организмот во нормална ситуација ја исфрла таа бакерија, но сега заради употребата на маска таа може да се врати и тоа е голем ризик, предупреди Марковски.