Инспекторатот на Град Скопје денеска, од рано наутро, спроведува акција за санкционирање на непрописно паркирани возила на јавната површина на кејот „13 Ноември“, на потегот од хотелот „Холидеј ин“ до плоштадот „Македонија“.
-На овој потег се забележани поголем број несовесни возачи кои го злоупотребиле јавниот простор за да ги паркираат своите возила, иако на оваа локација паркирањето е забрането. Затекнатите прекршители се опоменати и им е изречена глоба. Досега се изречени 21 глоба, информираа денеска од Град Скопје.
Конечно. Но, индикативно е што акцијата се спроведува откако неколку дена на социјалните мрежи имаше реакции на граѓаните за тоа што се случува на кејот. Граѓаните во континуитет споделуваа фотографии од непрописно паркирани возила поставувајќи прашање зошто надлежните градски служби ова го толерираат. Така, може да се каже дека и денешната акција е исповоцирана со реакциите на граѓаните. Заради тоа прашање е дали по акцијата работите ќе се вратат „на старо“.
Од Градот Скопје највауваат дека акцијата заедно со општина Центар ќе трае континуирано, подолг временски период. Останува да се види дали тоа и ќе се случи?