Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во делови од Скопската kотлина ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец, најавувата метеоролозите. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне 26 степени.
Слично време с еочекува и на подрачјето на целата земја – променливо облачно, попладне со повеќе сончеви периоди. Ќе има појава на краткотраен локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.
В петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а тогаш ќе почне да дува и умерен до засилен јужен ветер, кој ќе се задржи и во следните денови. Под влијание на влажен бран в сабота ќе биде облачно со пообилни врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни, проследени со грмежи и силен ветер. Температурата значително ќе се намали. В недела и понеделник ќе биде променливо облачно и ветровито со појава на локални врнежи од дожд