„Lamento per Macedonia“ од Ристо Аврмовски, Циклусот за гудачки оркестар „Езера“ од Панде Шахов, „Темпера 4“ од Тома Прошев, „Aurora Musis Amica Est“ од Горан Начевски и Циклусот за гудачки оркестар „Акварел“ од Михаило Трандафиловски, се делата кои вечерва можат да ги слушнат музичките вљубеници во рамки на фестивалот „Денови на македонската музика“ во Филхармонија.
Концертот се нарекува „Гравитациски бранови“ и почнува во 20 часот. Со оркестарот на Филхармонија ќе диригира маестро Сашо Татарчевски, а како солист ќе настапи Горан Начевски.