Полицијата секој ден казнува граќани кои не носат заштитни маски. Колку тоа има ефект и дали доволно е ревносна полицијата при казнувањето останува да се види. Но Владата сега размислува дали да ја зголеми казната за неносење заштитни маски. Ова го најави денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
-Разговаравме во Владата за зголемување на казните и ќе се цени дали има потреба од тоа или не. Важно е дека обемот на работа на полициските службеници е зголемен и правиме сѐ што треба да биде направено во овој момент за сите оние кои не ги почитуваат мерките, односно кои прво не се почитуваат самите себеси и не ги почитуваат своите семејства со тоа што не се зашититуваат и се изложуваат на ризик да бидат зафатени со инфекцијата. Ќе мора да сносат некаква одговорност. И тоа ќе се случува понатаму и во угостителски објекти и на собирања, сѐ повеќе и повеќе, со цел да се влијае на оние кои не ги почитуваат мерките и со тоа директно ги загрозуваат живот и здравјето на граѓаните, истакна Спасовски.