На Атиџе и се слоши за време на манифестацијата за медот на улица „Македонија“

Хеорината од филмот „Медена земја“ Атиџе Мутратова за кусо ја загубила свеста на денешната манифестација „Денови на македонскиот мед“ што се одржува на улицата „Македонија“ во центарот на Скопје. Нејзе и се слошило за време на отворањето на манифестацијата за време на говорот на министерот за земјоделство Аријанит Хоџа и на градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

Набрзо и била укажана и лекарска помош, по што состојбата и се подобрила.

Претходна вестГраѓани со порака до Филипче: Успех е да ги излекувате и тешките пациенти од вирусот
Следна вестВладата размислува дали да ја зголеми казната за неносење маски