МВР го утврдил идентитетот на полицајците кои тепаа легнат човек

Утврден е идентитетот на полицајците кои се забележани на видоа-снимката која се појави на социјалните мрежи, а на која се гледа претепување на еден човек. МВР денеска соопшти дека случајот ќе биде целосно расчистен.

-Во врска со видео материјалот што денеска (24.09.) беше објавен на социјалните мрежи, а на кое се гледа незаконито и непрофесионално постапување на полициски службеници, Ве известуваме дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР веќе го утврди идентитетот на учесниците во настанот и презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот, по што јавноста ќе биде соодветно информирана, се наведува во соопштението.

Видео снимка на која се гледа како македонските полицајци претепуваат еден граѓанин се појави денеска на социјалната мрежа Фесјбук. На снимката која потоа на својата фејсбук- страница ја сподели и невладината организација АВАЈА се наведува дека претепаното лице е граѓанин од ромска етничка припадност. На снимката се гледа како во еден момент полицаец влече едно лице кое дава отпор. Полицаецот успева да го собори граѓанинот и прво го удира со тупаница, а потоа неколку пати го клоца со ногата. Другиот полицец оттурнува друг граѓанин кој сакаше да инервенира. На снимката се гледа дека имало уште еден полицаец и патролна кола на полицијата.

Претходна вестОбид за силување на 23-годишна девојка во Градски парк
Следна вестСвилени униформи ли ќе носат основците во Аеродром?