Темен режим Режим на светлина

Казни за 371 возач, најмногу за пребрзо возење – 120

Возачи кои возеле значително над дозволената брзина биле најчесто санкционирани и при вчерашните полициски контроли на скопските сообраќајници.

-На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 371 санкции од кои 120 за пречекорување на дозволената брзина, информира МВР.

За возење без возачка дозвола казнети се 16 лица, за нерегистрирани и технички неисправни возила 18, 32 санкционирани мотоциклисти, 128 возила подигнати со пајак, а изречени се и 31 санкции за неносење на заштитна маска.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, се наведува во соопштението.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Дрвокрадци нападнале пет полицајци, двајца се потешко повредени

Следна објава

Иде зима, па Шилегов за 200.000 евра лампиони и новогодишни песни штима