Пендаровски и неговиот словенечки колега Пахор положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев

По денешната средба во претседателската вила „Водно”, претседателите на Македонија и Словенија, Стево Пендаровски и Борут Пахор, се поклонија и положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата Св. Спас.

Инаку, претходно двајцата претседатели одржаа тет-а-тет средба како и пленарен состанок на македонската и словенечката официјална делегација.

Претседателот на Словенија повика да не се одлага почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ.

Претходна вестНова снимка со полициско тепање на граѓани на улица
Следна вестФилипче: Проектираме нова градска болница во Аеродром